На седницата, одржана на 28. мај 2019. година, Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје донесе Одлука на вработените во Претпријатието да им биде исплатен регрес за користење на годишен одмор за 2016 година, 2017 година и 2018 година.
Со тој што им следи за оваа година вработените сигурно ќе почувствуваат завидна финансиска „инекција“.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани, денеска ќе потпише Спогодба за регулирање на начинот на исплата на регрес за користење на годишен одмор, со претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Северна Македонија (СУТКОЗ), Дарко Димовски.