ВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА ИМААТ ПРАВО НА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ НА ЖИЧАРНИЦАТА

Ве информираме/потсетуваме дека одредени категории лица имаат право на бесплатно користење на Жичарницата.
Право на превоз без надомест, секој работен ден на Жичарницата, имаат возрасните лица (жени над 62 год, мажи над 64 год) со приложување на лична карта или пасош, деца без родители и родителска грижа до 18 год, како и деца до 6 години.
Освен посочените категории лица, право на бесплатен превоз по еден ден во неделата е дозволенза средношколците, учениците во задолжително средно образование и тоа во среда, а неопходно е да се легитимираат со ученичка книшка.
И студентите имаат право на бесплатен превоз, во четврток, со приложување на индекс или студентска легитимација.
На децата без родители над 18 год, им следува 50 отсто попуст на редовната цена на билетот.
Жичарницата работи секој ден освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот.
Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …