Во Србија покрената петиција за забрана на Дино Мерлин да одржува концерти

Дино Мерлин закажа четири концерти по ред во Белград за во ноември, а билетите за нив беа веднаш распродадени.

На социјалните мрежи во Србија се појави петиција со која се бара да му се забрани на босанскиот изведувач да одржува концерти.


Фотографијата на Дино со натпис „Непосакуван“ и неговите изјави кои наводно шират говор на омраза, а кои никогаш не се потврдени, се достапни на веб-страницата peticia.online.

„Никогаш не сум рекол дека мразам некого. Тој глагол не постои кај мене. Тоа е ноторна невистина. Толку многу што се пишуваше за мене сите овие години е целосно измислено”, изјавил Мерлин во 2011 година на ТВ Прва пред првиот концерт во Србија.


Од 27 јули до денеска на петицијата се потпишале 21.763 лица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден пред 23 години се збогувавме од нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …