(ВИДЕО) ЈА ЛАЖИРАЛ СОПСТВЕНАТА СМРТ ЗА ДА ДОЗНАЕ КОЈ ОД НЕГОВИТЕ РОДНИНИ ЌЕ ДОЈДЕ НА ПОГРЕБ: Тоа што го приредил, СЕМЕЈСТВОТО ќе го памети до крајот на животот!

Дејвид Бартен (45) сакал да знае кој ќе дојде на неговиот погреб, но сакал и да ги „научи“ своите роднини повеќе да го ценат, па решил да ја лажира сопствената смрт.
Овој драстичен и бизарен потег на овој човек шокирал многумина, а ова се деталите.
Бартен, познат на ТикТок како Ragnar le Fou, ја испланирал лажната смрт и погребот заедно со својата сопруга и нивните деца. Тој ѝ рекол на една од неговите ќерки да објави дека тој починал, а таа потоа напишала низа емотивни пораки на социјалните мрежи, од кои едната гласела: „Зошто е животот толку неправеден? Зошто ти? Ти требаше да бидеш дедо. Го имаше твојот живот пред тебе. Те сакам! Те сакаме! Никогаш нема да те заборавиме“.
Тој организирал лажен погреб минатиот викенд во Белгија, а додека се собирале десетици негови роднини, тој слетал со хеликоптер.

@netflix.replay.off Un Hélicoptère survol le lieu où se déroule l’enterrement de @Ragnar_le_fou #pourtoi #Netflixreplayoff #ragnarlefou ♬ son original – Netflix.Off


„Здраво на сите, добредојдовте на мојот погреб“, им рекол тој, пренесува The Times.
Сите останале запрепастени, некои притрчале кон него и почнале да го гушкаат, додека други биле во целосен шок.
Неговите следбеници на TikTok му кажуваат дека направил суров потег.
„Она што го гледам со моето семејство често ме боли. Не ме канат на ниту еден семеен настан. Само ме игнорираат. Сите сме разделени. Се чувствувам како да не ме почитуваат. Затоа сакав да им ја дадам ова животна лекција и да им покажам дека не треба да чекате некој да умре пред да направите нешто“, рекол тој.
Еден пријател му рекол: „Плачев и доживеав шок. Те сакам, многу“.
Дејвид не е задоволен од бројот на луѓе кои дошле на неговиот лажен погреб.
„Само половина од моето семејство беше на погребот. Тоа докажува кој навистина се грижи за мене. Оние кои не дојдоа, ме контактираа за да се сретнеме. Така, на некој начин победив”, додал тој.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …