Во недела,поради Скопскиот маратон, посебен сообраќаен режим

Поради претстојниот „Виз Ер Скопски Маратон 2018“, организиран од „Сојузот на спортови на Скопје“ и на кој е предвидено да учествуваат околу 10.000 натпреварувачи, во недела на 6 мај одредени сообраќајници ќе бидат забранети за сообраќај.

Поради претстојниот „Виз Ер Скопски Маратон 2018“, организиран од „Сојузот на спортови на Скопје“ и на кој е предвидено да учествуваат околу 10.000 натпреварувачи од педесетина земји, во недела на 6 мај одредени сообраќајници ќе бидат забранети за сообраќај. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот.
МВР соопшти дека за трката на 5.000 метри предвидена е траса на движење преку плоштад Македонија, преку Камени мост лево покрај новиот театар, па лево преку мостот Гоце Делчев до бул.Илинден и по него лево по улиците „Рузвелтова“, „М.Т.Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11-ти Октомври“ и пред Порта Македонија се врти лево на плоштад Македонија каде е целта.
Стартот на полумаратонот на 21 километар е од плоштадот Македонија преку Камени мост, лево покрај новиот театар, лево по мостот Гоце Делчев по бул. Илинден лево по ул. „Љубљанска“ и ул. „Московска“, десно по ул „.Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти назад и се оди по улиците „М.Т.Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11-ти Октомври“, „Крушевска република“, по бул. „Трета Македонска бригада“, ул. „Фрањо Клуз“, бул. „Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со бул. „Србија“ каде се врти назад по бул. „Јане Сандански“, и улиците „Фрањо Клуз“, „Крушевска Република“, „11-ти Октомври“, се влегува низ Порта Македонија и на плоштадот, каде е и целта.
И главната маратонска трка ќе се одвива по истите сообраќајници како полумаратонот, но со уште еден дополнителен круг.
Полицијата апелира до граѓаните за разбирање и почитување на посебниот сообраќаен режим во текот на одржувањето на настанот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …