Во издание на „Македоника литера“ ОБЈАВЕНА КНИГАТА „КЛУЧНИТЕ КОНЦЕПТИ ВО КИНЕСКИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН СПОРТ“

„Македоника литера“ неодамна ја публикуваше книгата „Клучните концепти во кинескиот традиционален спорт“ од авторите Ченг Хон, Сие Веи и Ванг Чен, која претставува запознавање на традиционалната кинеска физичка култура од аспект на филозофската и животната мудрост и култура на живеење.
Оваа книга содржи 95 клучни концепти поделени во четири категории: филозофија на спортовите, здравјето и спортовите, забавата и спортовите, и натпреварувачките спортови. Душата на кинеските традиционални спортови лежи во нивните филозофски концепти и мисли, кои одиграле огромна улога во долгата историја на нивниот развој и ја покажуваат уникатната убавина на кинеската спортска култура.


This image has an empty alt attribute; its file name is kineskiot-sport-maketa.jpg
За секој концепт се изложени неговата дефиниција, потеклото, еволуцијата, објаснувањето, културното значење и денешната вредност, со неколку варијации според специфичната содржина.
Традиционалните спортски активности на народот Хан и на етничките групи во Кина се значаен дел од кинеската спортска и национална култура. Тие се содржани и во кинеската традиционална филозофија, како и во разните размислувања за природата на животот, за одржувањето на динамичната рамнотежа меѓу човекот и природата, меѓу луѓето и внатре во самата индивидуа.
На крајот, книгата содржи два прилога – преглед на спортовите на зимските олимписки и параолимписки игри во Пекинг во 2022 година и куса хронологија на кинеската историја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …