„Во чест на поетот“ – Манифестација по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

На 21 декември 2023 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во Галерија 22 при НУЦК “Ацо Шопов”во Штип, ќе се одржи манифестацијата насловена „Во чест на поетот“ со која ќе се одбележат 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Програма / Почеток 12:00 час.
– Изложба на членовите од ликовното ателје при НУЦК “Ацо Шопов“ Штип на тема “Изложба во чест на поетот“
– Еднодневен саем на книга / 12:00ч


Програма / Почеток 19:00 часот
– Отворање на настанот / водител: Искра Постолова
– Обраќање на Директорот на НУЦК “Ацо Шопов“, г-дин Горан Трајков,
– Обраќање на Министерката за култура на РСМ, г-ѓа Бисера Костадинова Стојчевска.
– Изведба на новокомпонирани музички композиции по текстови на Ацо Шопов / Композитор: Филип Стевановски / изведувач: Маја Крстевска Коларова.
Композиции: “Илузија“, “Лов на езеро“, “Убавината“.
– Доделување Благодарница на Министерката за култура и на членови од фамилијата на Ацо Шопов, од страна на Директорот на НУЦК “Ацо Шопов“ Штип.
– Изведба на новокомпонирани музички композиции по текстови на Ацо Шопов / Композитор: Трајче Велков / аранжман: Панко Гелев / изведувач: Наталија Рогожарова.
Композиции: “Илузија“, “Прелудиум“.
– Доделување на признанието “Ацо Шопов” на Академик Витомир Митевски – за особен придонес во популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов.
– Осврт кон делото на Академик Витомир Митевски / Ратко Дуев – Декан на Филозофскиот факултет при УКИМ.
– Изведба на новокомпонирани музички композиции по текстови на Ацо Шопов / Автор на музика и аранжман: Панче Гелев / изведувач: Equinox & Natali.
Композиции: “Верглата“, “Промената“, “Лов на езеро“.
– Доделување Ордени “Ацо Шопов“ на: Благој Самоников, Стојан Троицки и Трајче Кацаров.
– Изведба на новокомпонирани музички композиции по текстови на Ацо Шопов / Автор на музика и аранжман: Славе Димитров / изведувач: Марија Максимова и Елена Голомеова.
“Очи“
– Изведба на новокомпонирани музички композиции по текстови на Ацо Шопов / Автор на музика: Трајче Велков / аранжман: Филип Стевановски / изведувач: Виолета Арсовска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …