Вечер на слем поезија во Гевгелија

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” во Гевгелија ќе се одржи Вечер на слем поезија.

Македонски слем поети и поетеси од различни генерации со своите перформанси ќе бидат дел од вечерта посветена на слем поезијата, којашто ќе се одржи на 22 декември 2023 година во 19:00 часот, во хотел „Аполонија” во Гевгелија.


Ќе настапуваат: Миланчо Пендев, победникот на 13-от Национален слем-натпревар, второпласираниот Виктор Спасески, третопласираната Валерија Танчевска, како и Игор Трпчески, Елена Пренџова, Тихомир Јанчовски, Димитар Арнаудов.

На настанот ќе има и музичка поддршка со настап на Методија Костоски, а влезот е слободен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …