Сонуваме Менуваме – Инклузивни концерт претстави на 5+ фамилија

Утре во Македонскиот народен театар, со почеток од 17:30 часот, најмладите ќе може да ја погледнат инклузивната концерт претстава на 5+ фамилија со наслов Сонуваме Менуваме.

Повелете на уште едно спектакуларно дружење со омилените ликови од 5+ Фамилија на сцената на МНТ. Подготвивме WOW инклузивна претстава која повторно ќе не натера да размислуваме и да делуваме за создавање на подобар свет за сите.


Омилените детски ликови од 5+ фамилија со рамноправни учесници од неколку асоцијации за деца со попреченост, преку театарска игра ќе ја пренесат пораката дека разликите не треба да не разделат, туку напротив да нѐ сплотат со цел да создадеме општество какво што сонуваме да имаме.

Билети по цена од 250денари се достапни за продажба во билетарницата на МНТ или on-line на https://mnt.mk/online/index.php?id=539.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …