Во Бугарија се запалил македонски автобус на АМ „Струма“: Настрадале 46. лица – имало и деца

Синоќа на автопат во Бугарија, се случила тешка несреќа со автобус на АМ „Струма“, кој се запалил и изгорел со 46. патници. Како што известуваат бугарските медиуми меѓу нив имало и деца.
За ТВ Нова по телефон говорел и прмиерот Зоран Заев кој заедно со министеротза надворешни работи- Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче, се упатил на местото на несреќата.

„Ги информирав нашите служби да пристигнат на местото на несреќата. Бевме во болница да ги посетиме повредените. Трагично е што меѓу жртвите има и деца. Ќе бидеме многу благодарни на бугарските власти доколку сите инфоирмации околу несреќата ги споделат со македонските служби. Сигурно е дека граѓаните на Македонија и Бугарија ќе сакаат да знаат што се случило“, пренесува БТА.
Засега е познато дека автобусот се запалил но сеуште се истражува дали тоа се случило после несреќата. Голема трагедија, болката ни е голема, сочувствуваме со семејствата на загинатите“, додал Заев.



Шефот на одделот за безбедност на бугарското МВР, Николај Николов за националната телевизија изјавил дека седум лица со изгореници се префрлени со брза помош во болницата Пирогов во Софија. Најмладиот пациент има 15. години.
– Најмалку 45 лица го загубија животот кога автобусот се превртел и се запалил, или се запалил и се превртел – рекол Николов.
Министерството подоцна прецизирало дека загинале 46. лица и дека во автобусот имало 53. патници.
Автобусот синоќа околу 9. часот ја преминал границата на преминот Капетан Андреево.
Бугарските медиуми јавуваат дека несреќата се случила синоќа околу 3. часот на автопатот Софија-Благоевград, кај градот Бошнек, на 31. километар од Софија.

Извор: nova.bg


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …