(ФОТО) ВО БУГАРИЈА ИЗГОРЕ МАКЕДОНСКИ АВТОБУС: Загинале 46. лица, меѓу кои 12. деца

Најмалку 46. лица загинаа денеска кога автобус со северномакедонски регистарски таблички се запалил на автопат во западна Бугарија, соопштија властите во Софија.
Шефот на одделот за безбедност на бугарското МВР, Николај Николов за националната телевизија изјавил дека седум лица со изгореници се префрлени со брза помош во болницата Пирогов во Софија. Најмладиот пациент има 15. години.
Најмалку 45. луѓе ги загубија животите кога автобусот се превртел и се запалил или се запалил и се превртел“, изјавил Николов.
Министерството подоцна прецизирало дека загинале 46. лица и дека во автобусот имало 53 патници.


Најголем дел од жртвите се од Северна Македонија, соопштил претставник на Амбасадата на Северна Македонија во Софија.
Меѓу загинатите има и 12. малолетници, од кои двајца браќа близнаци.
Автобусот синоќа околу 9. часот ја преминал границата на преминот Капетан Андреево.
Бугарските медиуми јавуваат дека несреќата се случила синоќа околу 3. часот по полноќ на автопатот Софија-Благоевград, кај Бошнек, на 31 километар од Софија.


Извор: tgcom24.mediaset.it

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …