Во Австрија смртен случај после вакцинирање со АстраЗенека

Австриските власти привремено ја прекинале вакцинацијата со серија вакцини против ковид-19 од АстраЗенека, додека истрагата за смртта на едно лице и развојот на белодробна емболија кај други по вакцинацијата е во тек, објавила денес Австриската државна канцеларија за здравствена безбедност (BASG).
BASG добил два извештаи кои се поврзани со вакцина од истата серија АстраЗенека, а пациентите ја примиле на клиника во градот Зветл, во покраината Долна Австрија, се вели во соопштението.
Според извештајот, 49-годишната жена починала како резултат на сериозно нарушување на коагулацијата на крвта, а 35-годишна имала белодробна емболија, но се опоравува.

И’ двете жени се медицински сестри
Белодробна емболија е акутно нарушување предизвикано од ненадејна акумулација на згрутчена крв во пулмоналната артерија со последователна опструкција на протокот на крв во белодробното ткиво.
„Во моментов, нема докази за причинско-последична врска на гореспоменатите состојби со вакцината и вакцинацијата“, РЕКЛЕ ОД BASG.
Швајцарскиот весник Niederoesterreichische Nachrichten, телевизијата ORF и новинската агенција АПА објавиле дека и двете медицински сестри биле вработени во клиника во градот Зветл.
Во соопштението на BASG се вели дека згрутчувањето на крвта не е меѓу познатите несакани ефекти на вакцината и се додава дека веднаш е покрената истрага за целосно исклучување на каква било потенцијална врска помеѓу вакцината и здравствените проблеми, односно фаталниот исход.


Суспензија на вакцинација како мерка на претпазливост
„Како претпазливост, ние повеќе не ги користиме преостанатите залихи од оваа серија вакцини АстраЗенека“, се вели во соопштението.
Новинската агенција АПА го цитирала портпаролот на АстраЗенека дека компанијата е во контакт со австриските власти и ја поддржува истрагата.
Агенцијата потсетува дека вакцината е одобрена и од Европската агенција за лекови и од Светската здравствена организација врз основа на глобално клиничко испитување во кое биле вклучени 23.000 испитаници.
„Сите досегашни проценки покажаа дека вакцината АстраЗенека против ковид-19 е безбедна и ефикасна“, објави АПА.
Регулаторите на Европската унија ја одобрија вакцината на 30. јануари, со објаснување дека е ефикасна и безбедна за употреба. Несаканите ефекти забележани за време на студијата главно траеја кратко и не беа забележани проблеми со згрутчување на крвта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …