(ФОТО) Една од најубавите жени на светот ГО ПОКАЖАЛА ЛИЦЕТО БЕЗ ШМИНКА: Објавила фотографија од кревет и сите ги воодушевила

Една од најпосакуваните и најубави актерки според мислењето на многумина е Софија Вергара, и иако во јули наполни 49. години, таа е горда на својот изглед во нејзината петта деценија.
Во последните месеци, таа со задоволство се сеќава на своите изданија од претходните години, и им докажува на своите следбеници на Инстаграм дека времето навистина не може да и направи ништо.

Сепак, Софија повторно го предизвикала воодушевувањето кај своите обожаватели кога објавила фотографијата во лежерно издание и без трошка шминка. Актерката пиела кафе во пижами и го држела своето куче во рацете.


„Време за кафе“, напишала таа.
Софија добила бројни комплименти за нејзиниот изглед, а многумина заклучиле дека делува многу негувано.
Да потсетиме, Вергара ја започна својата кариера како модел на 17. години, кога била забележана од фотограф на плажа, а наскоро потоа следувало снимање реклама за познатиот газиран пијалок …


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Останатото е историја – за време на деведесеттите години стана позната во разни телевизиски проекти, иако претежно на шпански јазик, а на почетокот на 2000. година стигна до Холивуд. Клучната улога беше во хит серијата „Модерно семејство“, чија последна епизода беше прикажана во април минатата година.

Фото: Принтскрин/ Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …