ВНИМАВАЈТЕ НА ОДНЕСУВАЊЕТО: Засилени контроли на терен на градските комунални редари

Комуналните редари на Град Скопје неделава продолжија со засилените контроли на терен, при што се изречени 18 казни за прекршување на Законот за јавна чистота. Покрај редовните контроли во урбаниот дел на градот, комуналните редари вршат вондредни контроли и во руралниот дел на градот за да се спречи создавање диви депонии.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.
Затоа, ако решите овој преубав сончев ден да го минете во природа бидете внимателни со однесувањето и фрлајте го сметот на означените места…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …