ВИЗИОНЕРИ – Што не чека после короната? Трета светска војна, атентат на Путин, болест на Трамп и смрт на англиската кралица!

Најпознатиот пророк на западниот свет, Мишел Нострадамус, ги најавил настаните за 2020 година: Дали не чека крајот, или – препород?

Нема сомнение дека Мишел Нострадамус е најпознатиот пророк во западниот свет кој го предвиде почетокот и крајот на Првата светска војна, доаѓањето на власт на Хитлер и точниот датум и место на Втората светска војна, како и појава на авиони, подморници, тенкови и почеток на вселенското доба и уште многу нешта. Со оглед дека сме во 2020 година, време е да ги погледнеме интерпретациите на стиховите на Нострадамус за оваа година.
Нè чекаат, велат тие, економската криза, колапсот на берзата, драматичното деградирање на човековото делување и свест. Потребата да се „исчисти“ и повторно да се урамнотежи планетата ќе доведе до урагани, поплави, земјотреси и вулкански ерупции.
Започнува нова ера, подеднакво поволна и опасна за историјата на човештвото.


Треба да се чуваме од „пријатели“
Нострадамус верувал дека новата ера ќе започне во 2020 година, а тоа е, на некој начин, свет момент, во исто време поволен и опасен за историјата на човештвото, што ќе донесе и катастрофи и откритија. Критичната 2020 година не мора да значи крај, туку фундаментална трансформација на светот во кој живееме, повторното раѓање на човештвото на ново духовно ниво.


Избувнување на третата светска војна
Повеќето од шифрираните пораки на Нострадамус за доаѓачкиот период се чини дека предвидуваат смрт и уништување. Според него, ќе избие 27 години уништувачка војна меѓу две големи светски суперсили после подемот на третиот антихрист. Вака звучи пророштвото: „Во градот Божји ќе има голем гром. Двајца браќа го раскинуваат Хаосот додека тврдината издржува. Големиот лидер ќе подлегне. Третата голема војна ќе започне кога ќе изгори големиот град “.

Опасност за Путин и болест за Доналд Трамп
Мистериозна болест?



Нострадамус предвидел многу насилна година и за рускиот и за американскиот претседател.
Путин ќе го преживее атентатот, но не и некој близок со Трамп.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе доживее обид за атентат од неговиот безбедносен тим. Ако се исполни пророштвото, Путин ќе биде предаден од некој кој е многу близок до него. Што се однесува до Доналд Трамп, пророкот предвидел дека ќе страда од мистериозна болест и дека член на семејството на американскиот претседател ќе биде жртва на сообраќајна несреќа.

Голема финансиска криза


Според предвидувањата на Нострадамус за 2020 година, ние сме на работ на скорешен хаос во трговијата. Додека некои аналитичари инсистираат на тоа дека не сме сведоци на друг „меур“ што ќе пукне наскоро (како во 2008 година), други експерти веруваат дека економскиот хаос е „зад аголот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …