ВИЗИИ – СКОПЈЕ 2070: Младите од Глобал Шејперс Скопје Хаб ја започнаа иницијативата да го обликуваат Скопје во наредните 50 години

Кои се визиите за Скопје во 2070 година? Младите од Глобал Шејперс Скопје Хаб ја започнаа иницијативата да го обликуваат Скопје во наредните 50 години 

Нека ни е среќен „13 Ноември“ – денот на ослободувањето на Град Скопје, денот кога младите од Глобал Шејперс Скопје Хаб ја започнаа иницијативата и заедничкото патување кон 2070-та година, да го обликуваат Скопје во наредните 50 години во град кој припаѓа на секој од нас.


Во оваа 2020-та година, токму во време на ненадејни пресврти на личен и поширок општествен план, младите обликувачи на промени од Глобал Шејперс Скопје Хаб одлучија да размислуваат и делуваат проактивно, визионерски, стратешки и сеопфатно така што го создадоа водичот „ВИЗИИ – СКОПЈЕ 2070“.


Овој водич претставува насока и рамка за развој на нашиот град низ призмата на 15 различни категории кои што меѓусебно се надополнуваат и испреплетуваат, одејќи во правецот содржан во 165-те визии и мерлив низ општи индикатори соодветни за секоја од тие визии. Станува збор за документ кој дава правец и основа за дејствување на сите чинители во нашето општество. Секоја од визиите се заснова на одредени вредности кои што се основа за сите активности кои ќе се преземаат од кој и да е чинител во општеството, без разлика дали е тоа индивидуалец или правен субјект од јавниот, приватниот или граѓанскиот сектор. За да се поттикнува, следи и мери напредокот на сите тие идни активности и нивниот придонес во однос на визиите, содадовме општи индикатори соодветни за секоја категорија посебно.

Водичот „ВИЗИИ – СКОПЈЕ 2070“ цели да нè инспирира да размислуваме амбициозно и храбро кон подобра иднина, да бидеме одговорни и со нашата моќ и влијание да изградиме подобро општество. Овој водич цели да нè обедини како општество заеднички и секојдневно да работиме кон остварување на подобар животен стандард за нас и за идните генерации.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …