Виртуелен навигатор за пациенти со карцином на дојка за 24 часовна помош и советување

За пациентите со карцином на дојка, Рош Македонија создаде апликација, дигитална алатка за 24 часовна помош и поддршка. Виртуелниот навигатор Ана преку директен и интерактивен разговор обезбедува помош и ги води пациентите со карцином на дојка низ болеста, фазите на лекување,ги информира за стадиумот, за видовите канцер и нивниот третман, одговара на сите прашања и нуди опции за теми за разговор што може да ги интересираат пациентите, а е поврзано со самата болест.


Апликацијата е достапна на интернет страницата на Рош Македонија на линкот, со овозможен пристап преку оперативните системи Windows, Android и IOS, а разговорот и одговарањето на прашањата се одвива во реално време. Покрај за пациентите, поддршката од оваа алатка е корисна и за негувателите, лицата кои се грижат за пациентите со  карцином на дојка.


Создавањето на овој виртуелен навигатор произлегува од потребата за повеќе информации за самата болест и од  комуникацијата со различни специјалисти во областа. Комплексните теми и специфичните грижи се претвораат во разговор што ќе им помогне на пациентите кои се соочуваат со ова заболување. Во дискретно и интерактивно разговорно опкружување, пациентите добиваат корисни информации за нивното патување во текот на болеста, поддршка после и за време на часовите на изолација, загриженост и несигурност. Поддршката,помошта и едукацијата од виртуелниот аватар Ана е еднакво корисна за пациентите, негувателите и лекарите, која е повеќе од потребна во услови на пандемија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на …