Вирално видео: Медицинска сестра покажала како изгледа плацентата за време на бременоста

Ники Јуркуц е мајка на две деца и медицинска сестра која ги учи жените на социјалните мрежи, Instagram и TikTok за различни работи поврзани со здравјето на жените, но и здравјето на децата, на профилот на Tiny Hearts Education.
Во најновото видео Јуркуц покажала како изгледа плацентата за време на бременоста.

„Плацентата е еден од органите кои целосно ги игнорираме во текот на бременоста, а таа е единствената врска помеѓу идната мајка и нејзиното бебе. Плацентата е извор на кислород и хранливи материи кои му помагаат на детето да се развива правилно“, напишала таа под интересното видео и ги прашала своите следбеници дали имаат можност да ја видат плацентата по породувањето.
„Ја видов мојата за време на породувањето и бев фасцинирана. Дури и ја држев во раце, само се сеќавам дека не ми се веруваше колку е голема. Навистина посебно искуство“, напишала една мајка.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …