Меси како дете страдал од нарушување на растот, еве како да го препознаете тоа кај децата

ИАКО денес е голема фудбалска ѕвезда, Лионел Меси како дете се соочил со голем здравствен проблем. Имено, кога имал само 11 години, неговите родители забележале дека неговиот раст не е како што се очекувало за дете на негова возраст. Според Times India, неговиот раст стагнирал, а набргу по посетата на лекар било откриено дека има недостаток на хормон за раст.

This image has an empty alt attribute; its file name is leo-mesi-kako-dete.jpg


Дефицитот на хормонот за раст (GHD) е состојба предизвикана од недоволна количина на хормон за раст во телото. Ова хормонално пореметување се решава со инјектирање на хормонот за раст, а токму тоа морал да го прави аргентинскиот фудбалер секоја вечер.

Симптоми кои укажуваат на недостаток на хормон за раст
Како да препознаете дали и вашето дете страда од ова нарушување? Лекарите предупредуваат дека најчест знак за недостаток на хормон за раст е првенствено застојот во растот, односно кога детето е значително пониско од другите деца на негова возраст. За разлика од неговите врсници, детето на кое му недостасува хормон за раст стагнира со висината, а доколку тоа не се препознае навреме може да има многу посериозни последици.


Други знаци може да вклучуваат:
– одложен пубертет
– лице кое изгледа помладо
– бавен развој на забите
– нарушен раст на косата
– зголемени маснотии околу лицето и стомакот
– главоболки.
Иако оваа состојба воопшто не е безопасна, доколку навреме се препознае и се лекува со супституциона терапија со хормон за раст, таа веќе не претставува никакви проблеми во зрелата возраст.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …