„Види ја ти неа“ во официјалната програма на фестивалот во Клермон – Феран

После селекцијата во Интернационалната компетиција на Филмскиот Фестивал во Санденс, кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски влезе во официјалната програма на најпрестижниот фестивал на светско ниво посветен на краткиот филм кој веќе четириесет години се одржува во Клермон – Феран во Франција, кој е единствениот од А категорија, специјализиран за краток филм, според FIAPF – Интернационалната Федерација на Асоцијации на Филмски Продуценти овластена за категоризација на фестивалите.
Почетоците на Интернационалниот Фестивал на Краток Филм Клермон – Феран, во организација на асоцијацијата Sauve qui peut le court métrage, датираат од 1979 година, кога Филмското друштво при Универзитетот во Клермон – Феран организира Недела на краток филм – настан кој би прифатен со голем ентизијазам од страна на публиката и кој одговорил на очекувањата на многу професионалци.

Фестивалот добива интернационален карактер во 1988. година кога покрај Компетицијата на француски филм воведува и Интернационална компетиција, која опфаќа филмови од другите земји. Низ годините прераснува во една од најзначајните платформи за кратката форма, а до својата триесетгодишнина е домаќин на публика од преку два милиона, илјадници филмови и стотици филмаџии.
Денес, Клермон – Феран е најголемиот и најважен специјализран фестивал за краток игран филм, во смисла на посетеност и присуство на професионалци од сите страни на светот, но пред се од аспект на квалитет и значајност.
На овој фестивал се откриени многу нови талентирани режисерски имиња, кои подоцна изградиле успешна филмска кариера. Токму затоа ова е огромен успех за „Види ја ти неа“, кој се вброи меѓу 73-те наслови во Интернационалната Компетиција, селектирани од вкупно 8696 пријавени кратки филмови.
„Види ја ти неа“ ќе има осум проекции во рамките на 40. Клермон – Феран ИФКФ, кој ќе се одржи во периодот од 2-ри до 10-ти февруари 2018 година. Термините за прикажување ќе бидат официјално објавени на веб – страната на Фестивалот на почетокот на месец јануари следната година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …