„Assassin`s Creed IV: Black Flag“ е четврто продолжување на серијалот „Assassin`s Creed“. Станува збор за еден од најпопуларните серијали во индустријата на видеоигрите воопшто кој од првата игра во 2007. година стекнал многу фанови.
Assassin’s Creed серијалот се темели на gameplay и многу интересна приказна во која во фокусот е борбата помеѓу Асасините и Темпларите, но поврзницата со стварното време и реалните ликови на играта и дава примеси на научна фантастика. Приказната е инспирирана со романот „Аламут“ од 1938. година, најпознато дело на словенскиот писател Владимир Бартол, а направена е според концептот на игрите „Принцот од Персија“.
„Assassin’s Creed IV: Black Flag“ излегол во 2013. година,а промоцијата вреди само за корисниците на компјутери. Четвртото продолжување е посебно по воведувањето на истражувањето со бродови, покрај се’ друго што го нуди овој квалитетен серијал. Играта е продадена во повеќе од 11. милиони примероци и е една од најпродаваните во 2013., а многу добро минала и’ кај критичарите и кај играчите.
За преземање на играта е потребно да се има Uplay сметка, како и Uplay апликација, што е потполно бесплатно, после што ќе можете да ја превземете играта и секако, да ја задржите засекогаш. Прекрасна забава за претстојните празници. Сите оние кои веќе ја минале оваа игра лесно ќе пронајдат по уште некоја причина тоа да го направат повторно, а за сите оние кои досега не успеале да ја изиграат топло ја препорачуваме. Станува збор за задолжителна лектира во гејмингот.

(ВИДЕО) Бесплатно превземете го „Assassin`s Creed IV: Black Flag“ до понеделник и засекогаш ќе биде ваш
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.