Обелоденети номинациите за Златен глобус

Во Лос Ангелес синоќа беа објавени номинациите за филмската награда Златен глобус, која што се смета за предвесник околу тоа кои би биле можните добитници на Оскари наредната година во февруари.
За најдобар филм во категоријата драма, номинирани се: „Call Me by Your Name”, „Dunkirk” „The Post”, „The Shape of Water” и „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”.
За најдобра комедија или мјузикл, се номинирани: „The Disaster Artist”, „Get Out”, „The Greatest Showman”, „I, Tonya” и „Lady Bird”.
Во категоријата најдобар актер во драма, ќе се натпреваруваат: Тимоти Чаламет, Даниел Деј Луис, Том Хенкс, Гери Олдман и Дензел Вашингтон, додека пак, за најдобра женска главна улога – Џесика Честејн, Сели Хокинс, Франсес Мекдорманд, Мерил Стрип и Мишел Вилијамс.
За најдобра машка главна улога во комедија или мјузикл, наградата ќе отиде кај Стив Карел, Ансел Елгорт, Џејмс Франко, Хју Џекмен или Даниел Калуја. За најдобра женска улога во истата категорија, се спомнуваат имињата на Џуди Денч, Хелен Мирен, Марго Роби, Срша Ронан и Ема Стоун.
За Златниот глобус за најдобар режисер, ќе се борат Гиљермо дел Торо, Мартин Мекдон, Кристофер Нолан, Ридли Скот или Стивен Спилберг.Доделувањето на наградите ќе се одржи на 7. јануари наредната 2018.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ЧОВЕКУ, КОЛКУ ОДВРАТНО“: Поранешниот цимер го разоткрил Бред Пит – тврди дека имал проблем со хигиената

Бред Пит е холивудската ѕвезда по која копнеат жените ширум светот, а неговиот поранешен цимер …