(ВИДЕО+ФОТО) Во Помпеја пронајдена скоро неоштетена кочија со еротски сцени

Во рушевините во близина на Помпеја е пронајдена скоро недопрена кочија за поворка украсена со еротски сцени, објавија археолозите во вторникот.
Железното возило со четири тркала за едно до две лица е уникатно, посочуваат експертите од Археолошкиот парк на Помпеја.
Кочијата е пронајдена во вила во Цивита Џулијана, северно од Помпеја, а римската елита ја користела за свечени прилики. Има бронзени украси во форма на еротски сцени на мажи и жени.


Пред неколку години, на таа локација беа пронајдени остатоци од три коњи, од кои едниот беше сè уште зауздан. Крадци го посетиле локалитетот, ископале неколку тунели за да го ограбат.„Помпеја продолжува да нè воодушевува со своите откритија и ќе биде така уште многу години, бидејќи треба да се ископаат уште 20. хектари“, рекол италијанскиот министер за култура Дарио Франческини за откритието.


Помпеја се наоѓа во подножјето на планината Везув. Во ерупцијата во 79 година н.е., пепел, кал и лава ги покриле населените места и нивните жители, кои се ископани во 18 век.


Фото: Скриншот/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …