(ФОТО) Новата Мис на Германија не е избрана поради убавина!Победа на личноста и ставовите!

Нова Мис на Германија е Ања Каленбах, чиј избор го оправдува мотото на обновениот натпревар – „Зајакнување на автентичните жени“.
Ања Каленбах е 33-годишна мајка на две деца и по пистата одела во црно одело. Финалето не можеше да се одржи пред публиката, но се емитуваше на Јутјуб, а гледачите можеа да видат што мислеа организаторите кога објавија дека фокусот ќе биде на личностите на кандидатите.


Ања Каленбах го напуштила училиштето пред да наполни 17. години, а денес е успешен менаџер и со нејзиниот партнер работи со две компании за велосипедизам. Нејзината цел на натпреварот била да ги охрабри жените „да прават што сакаат, без разлика колку години имаат, како изгледаат или што зборуваат другите“.
Вкупно 16. жени учествуваа во финалето, на возраст меѓу 18. и 39. години, од кои првенствено се очекуваше да покажат дека „имаат јасна цел на ум и се посветени на подобро утре“.

Идејата беше променета по обвинувањата дека изборите за убавина се сексистички и застарени и дека се објективизира жената, така што сега во финалето има жени кои имаат што да кажат.
Една финалистка се бори против „теророт на нечистотија“, друга, како поранешен Јеховин сведок, се обидува да ја предупреди јавноста за верските секти, а трета е активист која се бори против родовиот јаз во платите
„Не би учествувала на натпревар за убавина“, рекла Синтија Јунгханс, кандидат од Хесен, како што објави DW. „Кој уште треба да гледа некој како оди во бикини?“
Сепак, натпреварувачите мораа да зборуваат и за оние типични теми на изборот за Мис, како што се „семејство и дом“ и „убавина и грижа“.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …