Откриени се нови детали за разводот на Ким Кардашијан и Кание Вест.
Според судските документи, ријалити sвездата ги навела „непомирливите разлики“ како причина за разводот, пренесува Fox.
Ким исто така побарала да се укине потрагата по поддршка за сопружниците, било од нејзина страна или од познатиот рапер.
View this post on Instagram
Во документите не е наведен датумот на нивното разделување и било потврдено дека тие имале предбрачен договор што треба да им помогне да ја избегнат напнатоста околу богатството и да си го задржат своето.
View this post on Instagram
Барањето е поднесено на 22. февруари, а Кардашијан е застапувана од адвокатката Лаура Васер, со прекар Кралицата Дисо, позната по одбрана на бројни sвезди.
View this post on Instagram
Минатата недела беше откриено и дека 40-годишната ријалити sвезда и претприемачка сака заедничко старателство над нивните четири деца.
Фото: Принтскрин/Instagram