(ВИДЕО+ФОТО) Велика Британија се подготвува за големото испраќање: Како ќе изгледа погребот на принцот Филип?

Потоа, тука е принцот Вилијам (војводата од Кембриџ) и неговата сопруга Кејт Мидлтон (војвотката од Кембриџ), со оглед на тоа дека таа е сопруга на престолонаследникот, па еден ден ќе биде на местото каде што беше принцот Филип до сега.
Исто така, сопругите на децата на Филип ќе присуствуваат на неговото последно збогување како поддршка на нивните партнери, па меѓу 30-те избрани се наоѓаат Сер Тимоти Лоренс, сопругот на принцезата Ана, како и војвотката Софи Весекс, сопругата на принцот Едвард.


На погребот на принцот Филип ќе присуствуваат и принцезите Беатрис и Евегенија, Питер Филипс, Зара Тиндал, Лејди Луиз Виндзор и Висконт Северн, како и Мајк Тиндал, сопруг на Зара Тиндал, Џек Брукбанк, сопруг на принцезата Евегенија и Едоардо Мапели Мози, сопруг на принцезата Беатрис.
Меѓу последните, иако многу повеќе сакаат да дојдат на последното збогување со принцот кој ја извршуваше својата должност 70, години, ќе бидат принцезата Александра, војводата од Глостер, војводата од Кент и роднините на кралицата, деца на починатата сестра на принцезата Маргарет.

Хари и Вилијам нема да стојат еден покрај друг
Бакингемската палата вчера го објави протоколот за погребот на принцот Филип, кој ќе мора да го следат сите присутни. Според тоа, принцовите Вилијам и Хари нема да дојдат заедно во капелата, и нема да стојат еден покрај друг на погребот.
Нивниот братучед Питер Филипс ќе оди во поворката помеѓу принцот Вилијам и неговиот брат Хари.


Оваа одлука ја донела лично кралицата Елизабета Втора и веројатно нема да ги намали шпекулациите за раздорот меѓу браќата или да разбуди надеж за помирување на семејството во овој тажен момент, пишува Гардијан.
Бакингемската палата посочила дека не сака никаква перцепција на драмата што јавноста би можела да ја извлече тој ден. Портпаролот рекол дека ангажманите се договорени и претставуваат желба на нејзиното кралско височество.
Ниту еден од членовите на кралското семејство нема да носи воена униформа, поради принцовите Ендру и Хари. Имено, Ендру ги изгуби сите кралски привилегии по аферата со Џефри Епштајн, додека Хари ги загуби сите воени покровители со преселбата во Калифорнија и откажувањето од кралските должности.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …