(ВИДЕО+ФОТО) Велика Британија се подготвува за големото испраќање: Како ќе изгледа погребот на принцот Филип?

Принцот Филип ќе биде погребан во сабота на 17. април во Виндзор. Поради пандемијата, само избрани ќе можат да присуствуваат на погребот, па така Бакингемската палата објавила список од 30. лица кои ќе го испратат војводата од Единбург на вечното почивалиште.
Пандемијата го смени и начинот на погребот, така што панихидата (молитва за починатиот) нема да се одржи, а на последното збогување ќе бидат присутни само потесното семејство и пријателите на принцот Филип. Претходно беше објавено дека ковчегот нема да биде изложен на јавноста и дека ќе изгледа во согласност со желбите на покојниот принц.
Зад ковчегот на починатиот принц, ќе одат членовите на семејството, додека кралицата последна ќе влезе сама во капелата, кога ќе започне церемонијата. Распоредот на седишта сè уште не е објавен, но се очекува кралицата најверојатно да седи сама поради моменталната состојба со пандемијата.


На последното збогување ќе присуствуваат повеќе од 700. припадници на вооружените сили од Кралската морнарица, маринците, воздухопловните сили и британската армија и ќе му оддадат почит на принцот.
Во согласност со желбите на принцот Филип, погребот ќе биде свечен настан, а не државен и инаку е организиран во согласност со епидемиолошките мерки, пренесува CNN.

Исто така беше објавено дека членовите на кралското семејство нема да носат воени униформи, туку палта со медали, додека женските членови ќе носат фустани.
За време на погребот, хорот ќе отпее песна избрана за таа пригода од самиот принц Филип.


Кога станува збор за луѓето кои ќе присуствуваат на погребот, на прво место е кралицата Елизабета Втора, како и принцот Чарлс (принцот од Велс) и неговата сопруга Камила (војвотката од Корнвол), но и другите три деца на покојниот војвода – принцезата Ана и принцовите Ендру и Едвард.
Како што објавија претходно, на погребот ќе присуствува и принцот Хари (војводата од Сасекс), додека неговата сопруга Меган Маркл (војвотката од Сасекс) нема да дојде поради бременоста.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …