(ВИДЕО+ФОТО) Вака утрово изгледа една станбена зграда во Киев

Станбена зграда во близина на друг аеродром во Киев била погодена од проектил или ракета рано во саботата, а сликите од местото на настанот покажуваат голем удар на горните катови на облакодерот, објавија светските медиуми.
Надворешните ѕидови на неколку ката се целосно кренати во воздух, внатрешноста е поцрнета, а шут виси од голема височина.

Кличко рекол дека бројот на жртвите не е познат.
Сликата е објавена на Твитер од Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.
„Нашиот мирен град преживеа уште една ноќ под напад на руски ракети. Една од нив погоди станбена зграда во Киев.
Барам од светот целосно да ја изолира Русија, да ги протера амбасадорите, да воведе ембарго на гасот. Да им ја уништи економијата. Запрете ги руските воени злосторници“, напишал тој.


На видеото што го сподели прес-службата на Володомир Зеленски се гледа експлозија на проектил од камерата во приватен стан во зградата.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …