(ФОТО) „Лица и дела“ вечерва ќе ни ја претстави состојбата со стрипот во Македонија

Во новото издание на „Лица и дела“ ќе гостува Никола Темков, стрип-мајстор кој заедно со своите колеги се бори во Македонија да го доведе стрипот на одредено ниво.Бидејќи во светот, стрипот е многу почитуван и ценет.
Оваа група ентузијасти, Никола и неговите колеги, се обидуваат на некој начин да ги оживеат стриповите во Македонија и да објават мало издание на македонски јазик. Иако до Министерството за култура, доставуваат проекти се чини дека одговорните немаат слух за оваа уметност.
Водителката и домаќин на „Лица и дела“, Мери Младеновска во емисијата преку разговор со Никола Темков ќе се обиде да ни ја долови вистинската состојба на оваа професија во нашата земја.
„Лица и дела“ со Никола Темков на програмата е вечерва од 21. часот на ТВ Сонце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …