Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбил понудата на Вашингтон да го евакуира од Украина, пишуваат американските медиуми. Зеленски рекол дека „борбата е тука“ и дека „нему му треба муниција, а не транспорт“, објави Associated Press.
„Washington Post“ ги цитирал американските и украинските претставници кои велат дека американската влада е подготвена да му помогне на Зеленски.
Зеленски претходно одржа драматичен говор во кој вети дека ќе продолжи да се бори, велејќи: „Кога ќе не нападнете, ќе ги видите нашите лица. Не нашите грбови. Сите сме тука“, рекол тој, „и така ќе остане“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram