Починала актерката Сали Келерман

Починала актерката Сали Келерман, јавува Си-Ен-Ен. Имала 84. години. Нејзиниот син Џек Крејн потврдил дека таа починала во дом за стари лица откако се борела со деменција.
Сали беше најпозната по улогата на Маргарет во „Жешки усни“ во филмот M * A * S * H ​​на Роберт Алтман за кој беше номинирана за Оскар. Иако улогата ја одбележа нејзината кариера, таа очајно сакаше да се ослободи од популарниот прекар. Во едно од интервјуата таа изјавила дека обожавателите на улица и се обраќаат со „Еј, жешки усни“, што и пречело.


Таа ќе остане запаметена и по нејзината улога во третата епизода од „Ѕвездени патеки“, Where No Man Has Gone Before, во која ја играше д-р Елизабет Денер.
Келерман во текот на нејзината кариера се појави во над 150. филмови и серии, а во 2013. година објави книга наречена Read My Lips: Stories of a Hollywood Life.

View this post on Instagram

A post shared by Reinvent the Lens (@reinventthelens)



Покрај актерската кариера, таа и пееше. Со својот длабок, експресивен глас, подоцна во кариерата го даде својот глас за реклами и во неколку цртани серии.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …