(ВИДЕО+ФОТО) Цел свет го обиколил со велосипед а го убил автобус пред куќата

Спортистот кој возел велосипед низ целиот свет, преживеал пад од планина висока 500 метри во Индија, починал по несреќата што се случила во близина на неговата куќа на северот на Израел.
Роеи Садан, попознат како „Јинји“, починал откако го удрил автобус на Јунајтед Турс додека возел велосипед. Тоа се случило во средата околу 14:30 часот. Тој бил примен во болница во Нахарија во критична состојба, објавил Times of Israel..

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Roei Sadan (@roeisadan)


Од 2007. до 2011. година, Садан (39) возел велосипед во околу 42 земји на шест континенти.
„Јас не сум сам додека возам велосипед. Ги посетувам израелските амбасади низ целиот свет, одржувам предавања во училиштата и му кажувам на светот за Израел … Некои ме нарекуваат амбасадор на тркала“, рекол велосипедистот во една прилика.


Садан возеше велосипед од северна Алјаска преку западниот брег на САД, кон Централна и Јужна Америка. Потоа возел велосипед од врвот на Јужна Африка до Етиопија. Потоа направил двонеделна пауза во Израел. Во следната фаза, тој поминал низ Европа, Турција, Узбекистан, сè до Кина. Во последната светска етапа возел 10.000 километри низ Австралија и Нов Зеланд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roei Sadan (@roeisadan)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …