„Момче е! Радоста и благодарноста не можеме да ги сокриеме од нашите лица кога вчера конечно го донесовме нашето ангелче дома. Избра да стигне неочекувано, во 34-та недела од бременоста среде ноќ во дива природа. Во текот на тоа невреме, за малку ќе се породев во автомобил додека брзавме до најблиската болница. Од 15-ти ноември бевме на напнат пат по многу болници молејќи нашето бебе да зајакне и да биде поздраво. Сопругот и јас не сакавме другите да ги загрижуваме додека не бевме сигурни дека нашето бебе е надвор од животна опасност. Сега нашиот преубав син е со нас, сигурен е, заштитен, сакан, спокоен“ – напишала Петра покрај фотографијата на која го држи стапалото од својот син.
Манекенката бременоста ја објавила во август оваа година со коментар дека е неверојатно благодарна што универзумот ги наградил со овој поклон толку многу брзо.
Инаку, Петра оваа година се омажила со агентот за недвижнини Бен Лареќ и конечно ја пронашла својата среќа по 2004-та година кога преживеала голема трагедија.
Тогаш во разорен земјотрес на Тајланд го загубила вереникот Сајмон Атија, а Петра се “скршила“ и очајнички се држела за гранка од дрво со часови сè додека не ја пронашле спасувачите.