„Избра да стигне неочекувано, во 34-та недела од бременоста среде ноќ во дива природа. Во текот на тоа невреме, за малку ќе се породев во автомобил додека брзавме до најблиската болница…“
По неизвесното предвремено породување манекенката станала мајка на прекрасно машко бебе.
Петра Немцова (40), позната манекенка од Чешка на својот Инстаграм профил објавила дека станала мајка на прекрасно машко бебе.
Петра на своите обожаватели им соопштила дека на 15-ти ноември предвремено се породила во 34-та недела од бременоста (7-ми месец).