(ВИДЕО+ФОТО) СУРОВА ВИСТИНА – Со дрон ја разоткрил измамата на сопругата: „Сакав да го убијам тој маж!“

Џон ги потврдил сомневањата кога забележал дека неговата сопруга, пред да влезе во автомобилот, се наведнала од прозорецот на возилото и романтично го поздравила непознатиот маж.
Сомничавиот сопруг Џон Консиглио пред неколку години одлучил да употреби дрон за да се осигура дека сопругата го изневерува, само за да се соочи со суровата вистина. На снимката се гледа како автомобилот влегува на паркингот, застанува, а потоа во него влегува неговата сопруга.


Џон ги потврдил сомневањата кога забележал дека неговата сопруга, пред да влезе во автомобилот, се наведнала од прозорецот на возилото и романтично го поздравила непознатиот маж.
„Треба да изгледате убаво за маж со кој ќе го изневерите вашиот сопруг“, рекол луто Џон во видеото, коментирајќи дека неговата сопруга ја средува косата за да изгледа подобро.



„Знам дека не можам само да го обвинам човекот, но во тој момент бев подготвен да го убијам. Чекав неколку дена да се смирам и тогаш станав очаен. Најмногу се грижам за моите деца“, рекол тој.


Сомнежот за неверство на жената го покренал познаникот на Џон и тој му предложил со дрон да се обиде да ја открие вистината. Консиглио тогаш, како што пренесува news.com.au, поднел барање за развод. Двојката, инаку, има две деца.


Фото: Принтскрин/youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …