(ВИДЕО+ФОТО) Star Boy – македонскиот трап артист кој живее во Париз во Монте Карло го промовираше својот „Infinity Box“: Музичко ДВД, маичка од сопствениот моден бренд, беџ и стикери – се’ во еден пакет!

Оние кои ги следат модерните текови на музичката сцена се сеќаваат на Македонецот кој живее во Париз, а работи и твори како музички трап артист но и дизајнер на сопствениот моден бренд „Royalty“.


Велешанецот Ванчо Пашалиски или Johny Star ака „StarBoy“ како што му е уметничкото име, кон крајот на минатата година ја презентираше својата работа во Македонија преку проектот: три траки – три видеа кои сега се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум. Патем, тој го најави и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“ од кого едно модно парче во вид на црна маичка е дел од неговиот музичко-моден пакет наречен „Infinity Box“ кој Македонецот од Париз неодамна го промовираше во европската колевка на раскошот и луксузот, Монте Карло.


Имено „музичко – модниот пакет“ на Star Boy содржи музичко ДВД, споменатат маичка од неговиот моден бренд, беџ со логото на брендот и пет стикери.



Инаку Ванчо е еден од ретките Македонци кој е успешен и надвор од Македонија на музичко поле и моден план, обидувајќи се да направи пробив во светот на шоу-бизнисот и модата каде конкуренцијата е жестока и пеколно немилосрдна, а во исто време не заборава кој е и од каде потекнува, афирмирајќи ја Македонија и преку сопствениот креативен израз.


„Зборувам вистина па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам“… е еден од суштинските стихови во една од песните („Mad“) со која тој сериозно ја стресе македонската музичка сцена во жанрот на кој му припаѓа.


„Star Boy“ ја бара и поддршката од сите кои ја сакаат неговата музика и ја следат модата, но и од сите останати Македонци кои купувајќи македонски производ стануваат своевидни мецени на она што еден Македонец креативно го работи по светот.


Во исто време „Star Boy“ го промовираше и својот веб портал (ROYALTY PARIS – LUXURY BRAND) на кој можат да се најдат сите информации за ова момче и неговата работа и творештво, како и да се набават посочените музичко-модни продукти.

Еве ја неговата промотивна видео порака до сите Вас:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот краток филм „Мала шега“ влезе во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот …