(ВИДЕО+ФОТО) СНАГА НА ПРИРОДАТА – МИСТЕРИЈА НА ЏИНОВСКИОТ КРАТЕР ВО СИБИР: Вечниот лед се топи, а експлозиите би можеле да ослободат древни БОЛЕСТИ!

Најновиот џиновски кратер што се појави во Сибир има причина да ги загрижува научниците кои го истражуваат, поради неколку проблеми.
Меурот од акумулиран метан, кој којзнае колку долго растел под вечниот мраз во Сибир, кој сега започна да се топи, експлодирал и создал импресивен кратер длабок 50. метри.
Оваа гигантска дупка најпрво ја забележал телевизиски тим кој летал над областа, а според списанието „Сибир Тајмс“, кога научниците тргнале да го испитаат овој феномен, откриле парчиња мраз и карпи исфрлени стотици метри од епицентарот.
Научниците само што започнаа да ја испитуваат оваа појава и досега не е утврдено со сигурност дали оваа бездна е создадена како резултат на климатските промени. Сепак, во 2014. година, нешто слично се случило на полуостровот Јамал во северозападна Русија, по серијата невообичаено топли лета, пишува Science Alert.


Експертите веруваат дека ваквите џиновски дупки се резултат на ненадеен колапс на ридови или тундра, што се случува кога топењето на мразот ќе предизвика акумулација на метан под површината.
Поради глобалното затоплување на Арктикот, областа на вечниот мраз рапидно се топи. Научниците веруваат дека овој процес влијае на создавање на вакви дупки, но сè уште нема доволно истражувања што со сигурност потврдуват дека климатските промени се оние што првенствено предизвикуваат појава на овие кратери.
Метанот е 84. пати помоќен од јаглерод диоксидот, така што ослободувањето огромни резерви на тој гас може да предизвика неповратен процес што може дополнително да го забрза глобалното затоплување.


Анализа на кратерот
Студија од 2017. година анализирала фотографии од такви бездни што датираат од 70-тите години на минатиот век и открива дека тие значително се зголемиле во последниве години, што укажува на тоа дека топењето на мразот е барем делумен двигател на овие појави.
Истата година, со уште едно истражување, пронајдени се 7.000 меури со гас под полуостровот Јамал, токму таму каде што сега се отвори огромната бездна.
Освен фактот што поради климатските промени, неверојатно количество метан досега заробено може да се испушти во атмосферата, научниците се загрижени и за фактот дека топењето на мразот може да ослободи древни болести за кои не знаеме скоро ништо.


Извор:Index.hr/Science alert
Фото: Youtube prtscr/Vrsti Jamal

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …