(ВИДЕО+ФОТО) Што возат фудбалерите на Реал Мадрид?

Фудбалерите на Реал Мадрид од спонзорот „Ауди“ ги презеле своите нови службени возила…
Ауди го спонзорира „кралскиот“ клуб од 2003. година, а за сезоната 2019/2020 подготвиле сосема нова линија возила.
Првото возило му го дале на тренерот Зинедин Зидан. 47-годишниот Французин го презел црниот Audi RS3 Sportback.


Истиот модел го избрале и голманот Тибо Куртоа и најдобриот стрелец на тимот Карим Бензема, само во бела и сива боја.
Капитенот Серхио Рамос ќе се вози во „перјаницата“ А8 во Ауди, додека помладата „гарда“ Винисиус Јуниор, Алваро Одриосола, Марко Асенсио се одлучиле за А7 Спортбек како и искусниот бек Марсело.



Само еден играч го избрал новиот електричен SUV E-Tron, францускиот стопер Рафаел Варан, додека дури седум играчи, меѓу кои и Еден Азар, Тони Крос и Хамес Родригес, се одлучиле за првиот Q8 SUV.
Сепак, најпопуларен модел е новата генерација на кросоверот Q7, која ќе ја користат 11 играчи, меѓу кои и Лука Јовиќ, потоа Лука Модриќ, Гарет Бејл и Иско Аларкон.




Сите автомобили освен RS3 (TFSI Quattro) и Е-Трон се со дизел TDI и Quattro.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …