(ВИДЕО) Станала мајка преку ноќ: Жена открила дека е бремена девет дена пред породувањето!

Лорен Чалк од Тенеси, која имала две спонтани абортуси во 2014. и 2016. година, се нашла во необична ситуација. Имено, таа не можела да ужива во бременоста бидејќи дознала дека ќе стане мајка само девет дена пред да се породи.
„Бидејќи веќе имав две спонтани абортуси и мислев дека сум бремена неколку пати, но тестовите беа негативни, јас бев убедена дека сега не сум бремена“, вели Чалк.
Лорен дознала дека ќе стане мајка кога била во 39. недела на бременост, затоа што, како што вели, проработела мајчинската интуиција на нејзината мајка, велејќи и дека нешто не е во ред.
“Мајка ми ми рече:’Ти не си таква. Мислам дека се случува нешто со хормоните. Треба да ги проверите, одете на лекар'”, изјавила Лорен за Си-Ен-Ен.
За да отиде на лекар, Лорен морала да почека да помине Денот на благодарноста, а само девет дена подоцна, на 2. декември, го донесе на свет бебето Вајат.


„Мислам дека не би можела да сакам некого повеќе од Вајат. Тој е најдобриот подарок што би можела да го добијам. Најдобар подарок за Божик уште од раѓањето на Исус“, вели оваа новопечена мајка.
Како тинејџерка, на Лорен и’ бил дијагностициран синдром на полицистични јајници, па имала нередовни менструални циклуси, поради што не била свесна дека е бремена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот уметник Киро Урдин

Киро Урдин е роден во Струмица на 12 мај 1945 година. Дипломирал на правниот факултет …