Пакомак ги награди најдобрите дела од конкурсот „Trash for Art” 2019

Изминатиот викенд Пакомак го затвори овогодинешното издание на конкурсот„Trash for Art” и ги прогласи имињата на добитниците на награди. Пријавените дела се натпреваруваа во три категории, а во секоја од категориите беа предвидени по три парични награди.

 


Во конкуренцијата на поединци и други институции, прва награда освои Ангела Бошкоска со делото “Папагал”,  2 место, Михаил Петров со делото “Печка на дрва”, додека 3 место – Павел Милановски со дело на тема  “Тежината на светот од загадување”

Во категоријата основни училишта, парични награди добија за 1 место – ПОУ „Гоце Делчев” – Неготино со делото  “Овци”, 2 место – ООУ „Јоаким Крчовски” – Kрива Паланка со делото  “Паун”, додека 3 место – ООУ „Димче А. Габерот” – Демир Капија со делото “Лимен човек”


Во категоријата градинки, наградите ги освоија: 1 место – ЈОУДГ „Борис Трајковски” Демир Капија  со делото “Кенгур”, 2 место – ЈОУДГ „Димче Мирчев” Велес  со делото “Був”, додека 3 место – Приватна детска градинка „Грин Хаус” Скопје со дело на тема “Моцарт”

Конкурсот „Trash for Art” беше отворен за возрасни и деца, а неговата цел е да ги потсети граѓаните на нашата земја дека отпадот може да заземе различна форма и да добие нов живот, благодарение на умствената креативност и вештиот допир.  Оваа година беа поднесени голем број дела, а најдобрите од нив, кои беа наградени, ќе останат во трајна сопственост на Пакомак. Повеќе информации за конкурсот и наградените дела можете да најдете на www.pakomak.com.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …