Фотографијата од прстите на кралот Чарлс III, која е направена за време на неговото крунисување, предизвика многу корисници на социјалните мрежи да се загрижат за неговото здравје.
„Болен човек не може да води народ“, „Што му се случува?“, „Здравјето очигледно му се влоши“, „Загрижен сум за него“, се дел од коментарите на Твитер.
Доктор и професор на Универзитетот во Пекинг, Чунг Танг, открил за списанието Metro што предизвикува отечени прсти.
View this post on Instagram
„Отечените прсти често се симптом на задржување на водата што може да биде предизвикано од голем број здравствени состојби. Прстите ‘колбаси’ се познати како дактилитис. Оваа состојба е предизвикана од воспаление и може да биде резултат на артритис, бактериски инфекции или дури и туберкулоза”, рекол тој.
King Charles' sausage fingers pic.twitter.com/Ba6ylSdvJP
— .aspendos (@aspendos_1789) May 5, 2023
Тој исто така спомнал дека високите нивоа на сол (кои предизвикуваат задржување на водата), алергиските реакции, повредите и автоимуните болести исто така може да бидат причини зошто прстите на Чарлс изгледаат вака.
Apparently King Charles will be hiding his hands at the #Coronation because people are ridiculing his sausage fingers…
I think it's disgusting putting the monarchy under this type of pressure and I think it's bloody childish..🤬 pic.twitter.com/Nu5kt8geUf
— bigears1975 (@bigears1975) May 5, 2023
За ова и претходно беше предмет на потсмев. Месарница во Нов Зеланд ги додаде колбасите „Кралот Чарлс Фингерс“ во својата понуда. На социјалните мрежи тие објавија фотографија од колбаси со натпис “King Charles Sausage Fingers”.
Фото: Принтскрин/Instagram