(ВИДЕО) Дванаесет загинати во голем верижен судар во Турција. „Луѓето изгореа“

Во судир на 12 возила вчеравечер во провинцијата Хатај на југот на Турција загинале најмалку 12 лица, а 31 лице биле повредени, од кои три потешко, соопштија локалните власти. Несреќата се случила откако возачот на камионот изгубил контрола над возилото и преминал на спротивната лента, при што се судрил со девет автомобили и два минибуса, јавила државната новинска агенција Анадолу.
Многу возила биле паркирани покрај патот во близина на бензинската пумпа додека пријателите и роднините се збогувале со мажите кои заминувале на служење на воен рок.


Министерот за здравство Фахретин Коџа изјавил дека пожарите избувнале на автопатот Искендерун-Антакија. Министерот на Твитер објавил дека на местото на настанот во Топбогазли се испратени 22 амбулантни возила и три спасувачки екипи.

Покраината погодена од земјотресот
„Господ да им се смилува на нашите граѓани кои ги загубија животите, им изразувам сочувство на нивните блиски“, напишал тој на Твитер. „Ќе дадеме се од себе за да им го вратиме здравјето на повредените што е можно поскоро“.


Хатај беше една од најтешко погодените турски провинции во земјотресот на 6 февруари што уништи делови од Турција и Сирија. Најмалку 50.783 починале во Турција, според владините бројки.

Приватната новинска агенција „Демирорен“ објавила дека камионот носел урнатини од земјотресот и дека удрил во друг камион пред да го премине автопатот околу 16 часот по локално време. Сведокот Али Сарач изјавил дека некои од починатите изгореле, јавува Анадолија. Сликите покажуваат запалени возила додека екипите за итни случаи се обидуваат да ги задржат луѓето подалеку од пламенот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …