На ПОСЛЕДНОто објавено видео тој возел 279 км/ч.
25-годишниот јутјубер Агастај Чаухан имал над 1,3 милиони следбеници на неговиот канал Pro Rider 1000, кои го забавуваше со видеа од возење мотор. За жал, во напорите да вози побрзо и побрзо, доживеа сообраќајна несреќа во која загина.
View this post on Instagram
Според локалната полиција, тој на пат од Агра кон Делхи возел 300 км/ч и во еден момент изгубил контрола над мотоциклот. Тој се движел во група од пет мотоциклисти. Удрил во разделник на патот, изгубил контрола и паднал при полна брзина. Мотоциклот бил скршен до непрепознатливост, па дури и кацигата била целосно смачкана. Чаухан бил прогласен за мртов на местото на несреќата.
Според локалниот The Tribune, Чаухан го снимал своето последно возење и најавил дека ќе се обиде да вози 300 км/ч. „Ќе забрзам до 300 км/ч и ќе видам дали ќе може да оди повеќе“, вели тој во видеото.
На неговиот се уште активен профил последно објавено видео е она во кое вози 279 км/ч. На повеќето од околу двесте објавени видеа тој возел Kawasaki Ninja ZX-10R.
View this post on Instagram
Фотѕо: Принтскрин/Instagram