(ВИДЕО+ФОТО) Шон Пен во Истанбул снима документарец за убиениот новинар Кашоги


Пен а познат по заземањето ставови во политиката и американското општество, воопшто, но и според иницијативите кои другите земји ги сметаат за спорни.
Американскиот глумец Шон Пен се наоѓа во Истанбул, каде работи на снимање документарен филм за новинарот Џамал Кашоги, кој на 2. октомври е убиен во саудискиот конзулат во тој турски град.
Актерот, кој е добитник на два „Оскара“, пристигнал пред конзулатот на Саудиска Арабија, каде неговата екипа почнала со снимање.

https://www.instagram.com/p/BrBIpTih-OY/?utm_source=ig_embed


Медиумите пренесуваат видео снимка на која се гледа Пен како разговара со камерманот пред оградата на турската полиција која спречува пристап до конзулатот.
Кашоги во дипломатското претставништво на Саудиска Арабија во Истанбул е убиен на 2. октомври, каде дошол по документи потребни за венчавка со турска државјанка.


Тоа убиство предизвикало негдување во меѓународната заедница и ја расипало сликата за Саудиска Арабија иако принцот престолонаследник Мухамед бин Салман демантирал дека е вмешан.
Пен а познат по заземањето ставови во политиката и американското општество, воопшто, но и според иницијативите кои другите земји ги сметаат за спорни.
Глумецот предизвикал критика во 2015. година кога со една глумица направил интервју со мексикански нарко дилер Гоакин Гусман, познат како Ел Чапо, додека криминалецот бил во бегство.
Пен има освоено два оскари за филмовите „Мистична река“ и „Млеко“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во одлично расположение – Пирс Броснан по 20 години сниман со својот син, од кого решил да се дистанцира поради зависност

Холивудскиот актер Пирс Броснан е фотографиран јавно со својот син Кристофер, повеќе од две децении …