Уапсена Менг Ванжу – финансиската директорка на „Хуавеј“

Потпретседателката и главна финансиска директорка на „Хуавеј“, Менг Ванжу е уапсена на 1 декември во Канада, објавија денеска американските медиуми.
Менг, која е ќерка на основачот на кинеската компанија „Хуавеј“, Рен Женгфеи, е уапсена поради наводно кршење на американските санкции и и’ се заканува екстрадиција во САД.
Во САД уште од 2016. година е покрената истрага против компанијата „Хуавеј“ поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД.
Компанијата преку соопштение го потврди апсењето на Менг, истакнувајќи дека не е јасен прекршокот поради кој е уапсена потпретседателката на Хуавеј.
„Немаме никакви сознание дека Менг сторила казниво дело“.
Амбасадата на Кина во Канада побара Менг да биде ослободена.
Апсењето на Менг се случи во „чуден момент“, бидејќи американскиот и кинескиот претседател, Доналд Трамп и Си Џинпинг неколку дена претходно најавија 90-дневно „примирје“ во трговската војна. Апсењето на Менг би можело да ги закомплицира трговските преговори помеѓу Пекинг и Вашингтон.
За САД, „Хуавеј“ и другите кинески компании се можен параван за кинеска шпионажа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …