Почина режисерот и политичар Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.

Тој е роден во Битола на 30. мај 1937 година.


На македонската јавност ѝ е познат и како кандидат за претседател во 1994. година, беше амбасадор во Бугарија од 2000. до 2004. и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006. до 2008.

Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот Роберт Вељановски.


Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81-годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!!
Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!, напиша Вељановски.


Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови!На 81 годишна возраст, почина најголемиот…

Gepostet von Роберт Вељановски am Donnerstag, 6. Dezember 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …