(ВИДЕО+ФОТО) Шест недели после венчавката и исчезнал сопругот:Пеколот траел 68. години и дури тогаш ја дознала вистината!

Животот пишува романи но не се секогаш убави. Приказната на младата невеста од Тексас никој никому не би ја посакал…
Пеги Херис од Вернон во Тексас во дамнешната 1944 година се омажила за својот дечко Били. Во брак биле само шест недели, а потоа започнал пеколот кој траел полни 68. години.
Имено, Били тогаш како пилот бил регрутиран во војска и испратен во Европа, за да се бори во Втората светска војна.

Пеги немала никакви информации за сопругот. Прво помислила дека загинал, но бидејќи не добивала никакви известувања и потврда за неговата смрт почнала да се надева дека не е се’ изгубено и дека нејзиниот Били е сепак жив.
Тоа потрајало полни 68. години, се’ додека нејзин роднина не го истражил воениот регистар, каде пронашол дека Били загинал при пад на авионот кај едно гратче во Франција.

Кога Пеги отишла во Франција бил трогната од фактот дека една улица во тоа гратче е наречена според нејзиниот сопруг, кој направил се’ што може за да авионот не падне на луѓето и однесе уште жртви.
Многу е тажно што Пеги после толку години ја дознала вистината и ставила точка на приказната за својата одамна исчезната љубов.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …