(ВИДЕО) За нив нема ниту закон ниту прошка – Mексиканската мафија не простува: Познат новинар ги разоткрил, а потоа бил убиен пред својот дом

Мексиканскиот новинар Сантјаго Баросо, кој често известувал за злосторствата и нарко картелите бил убиен на прагот на својот дом во државата Сонора на северот на земјата, соопштуваат локалните власти.
Убиен е со повеќе испукани куршуми кога во петокот вечер му ја отворил вратата на лицето кое тропало, се наведува во соопштението од обвинителството.


Баросо работел за повеќе медиуми, помеѓу сè бил и како водител во локално радио, бил директор на порталот Red 563, а пишувал и текстови за магазинот “Контрасена”, пренесува Ројтерс.


Сè уште не е познато дали неговата смрт е поврзана со неговата работа. Ова е трет случај на убиство на новинар за оваа година во Мексико.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …