Турската актерка Мерјем Узерли, која стана позната по улогата на Хурем во мега популарната серија „Сулејман Величествениот“, ги изненади фановите со нејзината нова животна одлука. Имено, актерката моментално живее со својата ќерка во Берлин и одлучила да започне нов бизнис.
Актерката, како што се огласи на својот профил на Инстаграм, отпловила во претприемачки води, а станува збор за нова продавница во самиот центар на овој германски град. Узерли решила да отвори продавница за бонбони. Таа објаснила дека сите производи што ќе се продаваат во нејзината продавница „Нош Нош“ се вегански и истакнала дека не може да чека да им понуди на своите клиенти поздрави верзии на чоколадо, бонбони и џемови.
– Денес ја отворам мојата прва продавница „Нош Нош“ во Берлин. Овие се вкусни и здрави слатки. Ова е само почеток на прекрасно патување. Прв пат во Берлин, а потоа, се надевам низ целиот свет. Моите пријатели и јас создадовме место каде сакаме да се чувствувате како дома и да уживате во највисок квалитет и вкус на нашите производи“, напишала актерката под видеото, а нејзините обожаватели и ја честитаа оваа деловна активност и и посакале среќа.