(ВИДЕО+ФОТО) Променети службените резултати на Евросонг 2019: Тамара победник според гласовите на жирито!

Европската радиотелевизиска унија ја признала грешката при собирањето на поените за време на објавувањето на резултатите на жирито во финалето на Евросонг 2019.
Како што пишуваат европските медиуми, проблемот го направил жирито во Белорусија кое со своето „брборење“ пред финалето го натерал ЕБУ да го распушти. Поради тоа ЕБУ морал да најде алтернативен начин како да ги создаде резултати на жирито кои се направени така што се земени земјите кои се во истиот дел како и Белорусија (Ерменија, Русија, Грузија и Азербејџан), виделе како финалистите минале кај нив и ги пресметале просечните резултати. Меѓутоа, наместо да ги наградат првите десет, на табелата на резултатите за време на финалето се дадени поени на земјите кои биле во последните 10.


Така дошло до промена на конечниот резултат во финалето на Евросонг 2019. Холанѓанинот, Данкан Лоренц и понатаму е победник, но разликата помеѓу него и Италијанецот Махмуд се намалила на 26.поени. Шведска се поместила од шестото на петото место, а Норвешка од пето на шесто.



Македонската претставничка, Тамара Тодевска е на седмото место, но поради новиот начин на собирање на поените освоила најмногу гласови од жирито.


Тамара на Твитер му се обратила на Швеѓанинот, Џон Лудвик, кој според старите резултати бил прв според гласовите на жирито и му порачала дека и двајцата се победници.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …